АНТИЧКИ ГРАД СЕ КРИЕ КАЈ ОРЕВОЕЦ

DSCN3006-v1

Културните остатоци се среќаваат на повеќе локалитети од десната страна на Ореовечка Река кои, за жал, се во голема мерка прокопани со изградба на објекти или со разновидни активности со тешка машинерија. На теренот има многу археолошки остатоци особено околу јамите ископани со машините.

Ако месноста Пештерица, на околу 7 км., е локалитет со длабока праисторија, но и со остатоци од антиката, и околината на селото Ореовец е големо наоѓалиште на археолошки предмети. Тоа го покажува богатото населување во древноста, посебно антиката. Нагласено е присуството на епиграфски споменици (со натпис), но и на разновидни други мермерни елементи од архитектура. Маријана Рицл наведува 6 епиграфски антички споменици со потекло од Ореовец. Изработени од мермер, повеќето се во Музејот во Скопје. Една мермерна стела со натпис до неодамна беше непосредно над селото, поставена во хоризонтална положба на неколку помали камени блокови. Главно се надгробни споменици и неколку мермерни ари со натписи на кои се повеќе имиња поврзани со донаторите на спомениците и лицата на кои тие им се посветени, главно, починати во некое време во антиката, односно 2 или 3 век. Единствениот споменик со натпис, на периферијата од селото, изченал во деведесетите години на минатиот век,. Непознати лица го товариле во приколка и го однесле. Местото на кое стоеше беше познато какао Далов Гроб. Со него е врзана долга традиција на жителите на селото на кои им служеше за да ги одмораат мртовците на патот кон црквата и гробиштата. Споменикот кој претставува надгробна плоча е долг 1,45 м . Ставен  беше над мало ѕитче крај патот кон црквата. Во долниот дел има и 5т лика, релјефи во 2 посебно површини на плочата во рамка. Две лица се во горната рамка, а три човечки фигури во долната рамка. Горниот дел завршува со триаголна форма на чија површина има релјеф со соларен знак. Натписот во голема мерка е уништен. Се споменуваат неколку имиња со древно потекло, како што се Еуфросина, Нике и Лисимах кои како имиња се среќаваат уште пред нашата ера. Еуфросина и Нике се  од античката митологија. Во натписот вообичаено стои дека споменикот е направен во спомен и со љубов кон починатиот.

1-Foto-254

Интересни се имињата на епиграфските споменици на античките гробови. Тие се блиски со вообичаените имиња од тоа време. На една од стелите се споменува името на извесен Јулиан Диоскурид. Тој подигнал споменик за родителите. Името Диоскур е многу присутно во делата на  античките писатели. На еден надгробен споменик со релјеф се изработени два лика над чии глави во триаголна површина е изработен динамичен соларен знак. Се споменува името на извесна Нике Евборо. Друг има со три човечки ликови во релјеф, како и една фигура на животно. Во долниот дел се споменуваат имињата на Офелија Евплокос, Дометиј и Фронтин. Во триаголниот дел на горната страна повторно е изработен соларен знак. Има и мермерна ара со натпис.

Многуте споменици со натпис кај Ореовец покажуваат дека таму постоела значајна населба. Таа била со значителни размери и со богати личности. Жителите често среќавале остатоци од стари мермерни споменици при обработката на нивите. Дури се наоѓале камчиња, кои обично се користеле за подни мозаици во антиката. Сите сознанија упатуваат на висока култура, на значајна голема населба во месностите Леково, Трла, Ќаве, Манастириште и Лекујна Вода, на поголемиот локалитет Роман.

За жал, не е познато ниту едно археолошко истражување од поблиската околина на Ореовец кое би фрлило поголема светлина на древниот период на овој простор. Во недостаток на научни докази и анализи. остануваат преданијата меѓу жителите како и запишаните на Марко Цепенков, кој потекнува токму од ова село. Според него, во местото Роман се ителите наоѓале антички монети и други старини. Цепенков тврди дека и о име Роман упатува на населба од римското време. Се раскажувало за голем град кој пропаднал од чумата. Цепенков забележал приказни за пронаоѓања на ,,антики,, од бакар и сребро, но и од злато. Тој споменува и куче изработено од мермер. Меѓу пронаоѓачите е извесен Глигор Тасев, кој, копајќи по корен од круша, излегло дека било сребро од неколку оки и оттогаш тој се збогатил. Цепенков наведува остатоци од 5 градби, цркви Жителите раскажуваат дека споменици имало и во Леково. Некои биле подигнати од непознати лица. Пред 60 години, при градбата на стрелиште Леково, целиот терен бил преоран. Притоа се уништени многу културни слоеви. Излегувале археолошки остатоци, керамички и метални наоди, камени објекти, накит, метални предмети и сл. Некаде се забележувале остатоци од градби, градежен материјал. Слична судбина доживеал локалитетот Трла. Бил нападнат со машинерија. На површината излегле купишта фрагменти од керамички садови, тегули, цигли, керамички тегови со нагласена димензија, метални предмети, фрагменти од стаклени предмети и сл. Дека во атарот на Ореовец имало древни населби се забележуваат траги околу патот за селото Крстец. Станува збор за локацијата на украдената мермерна стела од првите векови од местото Далов Гроб.. Во врска со неа, постои предание според кое во некое на тоа место се случила трагедија. Било убиено цело семејство, маж, жена и дете од селото. Поради нив е направен и и споменикот со древната надгробна плоча. Жителите раскажуваат дека се наоѓале монетите од римско време

Несоодветниот однос воопшто и непостооењето на заштита и истражување, доведува до исчезнување на богатството споменици и други наоди од древни времиња.

Loading