„НЕ – ДЕФИНИРАН УРБАНИЗАМ“ ОД ДЕСПОТ И САНДЕВА

Изложба

В среда, 10 октомври од 18 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата ,,Не-дефиниран урбанизам,, од авторките, нашата сограѓанка Катерина Деспот и Васка Сандева. Изложбата е делумно реална и постоечка која го открива зелениот дел од урбанизмот, онаков каков што тој се одсликува.

– Урбанизам? Дефиниран или не? Несвесно (можеби) или свесно го преорганизираме! Концепт на одредени зелени површини кои се дел од урбанизмот на градот оставаат впечаток дека градот ги има, но претставени на еден ликовен начин точно ја прикажуваме јасната слика дека зелените појаси скоро и да ги нема. Тие зелени површини претставуваат истовремено структурен елемент на градот или неговата околина и ги задоволуваат естетските и културните потребите на жителите. Во актуелната серија на композиции е претставен еден малку поразличен начин на размислување во кое ги претставуваме зелените појаси и површини во урбанизмот како слободно измоделирани линии во отвореното пространство. Уметноста, пејзажниот дизајн и урбанизмот соединети во едно си помагаат едни со други и претставуваат добра релација. Притоа создаваат една експресивна порака. Што се зелените површини? Градското јадро презаситено само со бесконечно  неправилно наредени бетонски форми, а реката како основна структурна врска за создавање на градот, скоро и да исчезнува и го губи својот лик. Каде се движиме во дефинираниот или недефинираниот урбанизам! – велат авторките на изложбата.

Loading