ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ИЗЛОЖБАТА НА ГРАФИКИ ОД СИМОНА ЈАКИМОВСКА

Izlozbata na Jakimovska predizvika  golem interes

Во галеријата од ЦК ,,Марко Цепенков,, е отворена изложба на 25 графики од уметницата Симона Јакимовска. Делата предизвикаа интерес кај учениците од средните училишта. Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која посочи дека графиката денес е една од најмалку истражените техники особено на полето на современиот уметнички јазик и развојот на современата технологија.

-Графиките и цртежите се внимателно креирани. Творештвото содржи  апстрактно асоцијативни теми, кои претставуваат примарен терен на истражување, меѓу кои се вбројуваат и темите на постојаната промена на материјата и духовните состојби изразени преку линијата, точката, кругот, бојата – посочи Димеска.

Јакимовска завршила ФЛУ и имала неколку самостојни изложби.

Loading