КОНЦЕРТИ ВО „ЦЕПЕНКОВ“

Утревечер од 20 часот во киното Мис Стон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт насловен „Четврт со рокенрол – Unplugged“ на кој ќе настапи вокално инструменталниот состав ,,Никеја,,, Здружение на автори на музички дела – Шпато. Влезот за концертот е слободен, а составот ќе се претстави со акустичен перфоманс кој ќе опфати промоција на новите песни од албумот ЊУ ФОЛДЕР, како и песни од предходните два албуми.

Песните со нов аранжерски пристап во акустична верзија ќе бидат претставени во изворна форма.

Концертот е во рамките на манифестацијата Нов културен бран од Министерството за култура.

Во рамките на оваа манифестација целовечерен концерт вторник од 19 часот во ликовниот салон на Центарот ќе има Арт либитум трио. Ќе се претстави со богата програма од светски композитори.

Loading