10 ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА СЕКОЈА ДОМАЌИНКА

domakinstvo

Понекогаш малите нешта значат многу.  Ви нудиме 10 мали, но практични совети од секојдевниот живот за секоја жена. Врз основа на стари и нови искуства, но и потврдени решенија решете ги малите проблеми низ домаќинството кои понекогаш знаат да зададат дури и главоболки.

1) Дали знаевте дека јајцата на око можете да ги пржите и на кисела вода наместо на масло? Така испржените јајца имаат помалку маснотии отколку кога се пржени на масло.

2) За растопениот путер да не добие црна боја, кога го преливате варениот зеленчук или кога пржите презла, најпрвин во тавата додадете неколку капки масло.

3) И најтврдото сирење ќе стане меко за кратко време доколку го потопите во ладно млеко. Потоа процедете и спремно е за сервирање.

4) Ако сакате варениот зеленчук да ја задржи својата природна боја, во водата во која го варите ставете едно мало лажиче сода бикарбона. Што е уште поважно на тој начин зеленчукот ќе омекне и нема да се распаѓа. Исто така нема да се чувствуваат јаките мириси на некој тип зеленчук како праз, зелка, кромид, репка и др.

5) Напукнатото јајце можете да го сварите ако во водата додадете една – две лажички оцет.

6) Мирисот на пржена риба во кујната ќе го отстраните ако во литар вода додадете малку цимет и каранфилчиња. На тивок оган водата нека испарува. Дополнително можете да додадете и кора од портокал или лимон во зовриената вода.

7) Додека јадењето се пече, се случува дел да се истури во рерната. За да го запрете чадот и непријатниот мирис истурете сол. Кога рерната ќе се олади, солта ќе ви помогне успешно да ја исчистите рерната. Истото направете го кога ќе ви претече супа или кафе, ставете малку сол на ринглата.

8) Ако сакате овошјето и зеленчукот (киви, праска, круша, домат, авокадо и сл.) побрзо да созреат ставете ги во кеса заедно со едно јаболко.

9) Кромидот сецкајте го на наводенета даска со наводенет нож, на тој начин ќе спречите солзење на очите.

10) Ако во јадењето кое го подготвувате ставивте премногу сол и го пресоливте, не грижете се додајте неколку резанки леб кои ќе го апсорбираат вишокот сол. Исто така можете да додадете и неколку резанки јаболко или компир кои исто така имаат својство да ја упиваат солта.

Loading