ОСВОЕНИ 6 ОД 18 БОДА

Партизан
Екипата на Партизан дома со 2-1 го совлада тимот на Плачковица од Радовиш. На Могила стрелци беа Петкоски (автогол) и Наумовски. Во вторникот со 2-0 загуби на гостувањето кај Вардар во Неготино. Така, по 6 кола освоени се 6 бода од можни 18. Тоа не е лош биланс за дебитант во Втората лига – Исток, но под услов натаму да се искористи секоја шанса за нови бодови, особено на домашен терен. Таква е в сабота (15 ч.) на Могила со Кит-Го од Пехчево. Гостинскиот состав е најпријатното изненадување со 4 победи, по едно реми и пораз.
Табела: Борец 18, Кит-Го 13, Тиквеш 12, Брегалница 10, Кожуф 9, Плачковица 7, Вардар и Партизан 6, Саса 4, Детонит Радовиш 0.

Loading