НАУЧЕН СОБИР ЗА МАРКОВИТЕ КУЛИ

Za Markovi kuli ce se debatira na  sobir

„Биогеографска целина Маркови кули – природни содржини и културни врендости“ е темата на дводневниот научен собир што од вчера го организира Институтот за старословенска култура со поддршка на локалната самоуправа.

Вонредното значење на биогеографската целина на Марковите кули, не само според неговите природни содржини, туку и културните вредности, придонесува да се проговори за овој комплекс, кое е значајно поле на интерес на различни научни дисциплини. Од Институтот сметаат дека е неопходно да се сублимираат и ревидираат резултатите од истражувањата, како и да се валоризираат неговите природни и културни содржини преку поставување во поширок меѓународен контекст. Тоа претставува основа за утврдување на идните перспективи во научното проучување.

Презентираните истражувања се од еминентни истражувачи и се однесуваат на изворните материјали за содржините на Марковите кули.

Loading