ЧУДЕН ПОРАЗ ОД БОР

Историја

Во 1980 година Победа за еден гол отпадна од Втората југословенска лига – Исток иако во последното коло со 5-1 ја совлада Трепча. Клучен пораз беше неколку недели претходно, дома со 3-4 од Бор. Има верзија дека гостите се послужиле со измама да ги добијат бодовите. Ако победеле тие, имале теоретски шанси за врвот и за пласман во Првата лига. А пред натпреварот велеле: Нас не ни требаат бодови, што се плашите, прилепчани?.Тренерот на Победа, сплитќанецот Александар Гвозденовиќ се сомневал: -Се плашам дека ќе не разоружаат на нечесен начин. Опасен е Бор.

Токму тоа се случило. Пред мечот, некој од гостите се спротивставил на претходниот ,,договор,, -Кој е подобар, нека победи. Покрај ова, останатите од Бор продолжиле да ветуваат ,,пуштање,, да ја олабават домашната екипа. И така: 0-1, 0-2, 0-3. Долу меѓу играчите расправија:  -Не беше ваков договорот? -Не се грижете, ќе дадете четири гола. Но, заврши 3-4 за гостите.

Победа отпадна, а тренерот Гвозденовиќ разочаран замина и – не се врати.

Loading