БЕЗ ТРЕНЕР И ОСУМ ИГРАЧИ

Ракомет

Нешто несекојдневно доживеа машкиот суперлигаш Прилеп во 1 коло од новото првенство, на гостувањето кај дебитантот Бутел во Скопје. На паркетот иако се загревале, не настапиле сите играчи, бидејќи службените лига не го дозволиле тоа, повикувајќи се на административен пропуст во легитимациите. На трибина морале да одат Димоски, Бозароски, Ангеловски, Мачавелов, Тодоровски, Ролевски… На клупата не дозволиле да биде ни тренерот Велјаноски. Во записникот биле запишани само осум млади ракометари: Трајкоски, Алексоски, Свртинов, Шокоски, Чупетрески, Талески, Галев.и Алушовски (најновиот голман од Металург јуниор). Оттука и исходот, пораз со 31-18. Шанса за поправање е следниот меч, дома со Борец.

Женскиот состав на Деспина со исти, 31-18 загуби од Металург во Скопје, а наредниот дуел е дома со Стружанка.

Loading