ПО БОД ОД ГЕВГЕЛИЈА

Партизан

Екипата на Партизан цели да се позиционира во средината од табелата на Втората лига – Исток и, според првите три есенски кола, тоа не изгледа неостварливо. Без оглед на поразите со фаворитите Брегалница и Борец, играта и спротвставувањето со голем отпор даваат надеж, а секако оптимизмот не се губи и поради почетниот триумф на гости кај Саса во Каменица. В сабота е гостување кај Кожуф во Гевгелија и нова проверка до каде се можностите. Сигурно дека еден бод многу ќе значи за овој тим на Горан Тодоровски, затоа што Кожуф се покажа како добра екипа со 5 освоени бода (преку победа дома со Детонит, реми кај Тиквеш и во Каменица).

Табела: Брегалница и Борец 9, Пехчево 6, Кожуф и Тиквеш 5, Плачковица 4, Партизан 3, Саса 1, Вардар и Детонит Радовиш 0.

Loading