ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ОКТЕТОТ ПРИЛЕП

Oktet Prilep so  godisen koncert

В среда 19 септември од 19.30 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ октетот Прилеп ќе го одржи годишниот концерт. На програмата е избор на композиции од богатиот репертоар, Розо моја, Пусти мерак Ратке, Дај ми љубов Трено, Секоја вечер пијан се враќам и други познати  староградски  песни. Гостин ќе биде Сефедин Бајрамовски.

Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Ќ е настапи и на Фестивалот на староградска музика во Охрид.

Loading