ЕСЕН ВО ГРАДИНАТА

Lisja na treva

Есента, пониските температури и дождови се идеално време за подготвка на тревникот за идната пролет. Многумина сметаат дека тревникот бара помала грижа и внимание, затоа што тревата расте побавно. Во овој период таа апсорбира енергија, влага и хранливи материи кои се огромна помош за студената зима. Ако се обрне внимание сега, на пролет претстои награда со раскошно зеленило.

Сега продолжува редовното наводнување, ако нема обилни дождови. И есенско косење со менување на височината на ножот. Последните косења, одат со најнизок нож, сончевите зраци да продрат до тревата.

Есента е идеална за аерација на тревникот, да можат кислородот, водата и другите хранливи материи да стасаат до коренчињата.

Паднатите лисја се отстрануваат што поскоро. Не се чека сите да паднат, па да се собираат. Ако се одложува, лисјата ќе се наводенат, залепат едни со други и ќе почнат да скапуваат. Тоа ја задушува тревата и создава клима за загадување со различни габични болести.

Ако низ тревникот има едногодишни цветни растенија, треба да се отстранат и да се овозможи доволно простор тревата да дише и да опстојува.

Да не се оштетат во зиме надворешните фонтани, се испушта сета вода. Потоа се покриваат. Скапаните лисја можат сериозно да го оштетат филтерот за вода.

Ако се ѓубри тревникот еднаш годишно, најдобро е на есен, поради тоа што се забавува растот, а корењата понатаму растат забрзано. Прихраната овозможува хранливи материи да допрат до длабоките корења и да се складираат за здрав старт следната сезона.

Ако глуварчето го освоило тревникот, му се ,,објавува војна,,. Плевелите апсорбираат големо количество енергија на есен. Отпорноста им е голема. Потребен е ,,инает,, да се искорени плевелот со соодветно средство.

Тажната разделба со летото е почеток на нова сезона и нова пролетна радост во природата. Потребни се напори за заштита на тревникот и растенијата за повторна радост и волшепства во градината. После се ужива во сите бои на есента.

Loading