ЦРН, БЕЛ, СИН И СИВ ЧАД ОД АУСПУХОТ

Совети за возачите

vehicles-air-cars-traffic-pollution-1 0

Понекогаш бојата на чадот што излегува од ауспухот на автомобилот, може да е знак дека нешто не е во ред. Дури и кога ниту еден сигнал не е вклучен на инструмент-таблата. Бојата на чадот може да открие дефект.

Ако автомобилот исфрла син чад, значи дека има проблем со маслото, и дека доаѓа до согорување на маслото. Најчесто се случува кога ќе дотраат кариките и вентилите. Маслото протекува во комората за согорување и се меша со горивото. Ако се забележи ваков проблем, се проверува маслото. Доколку недостасува, се дополнува.

За сивиот чад тешко се најдува дијагноза. Предизвикан е од слични причини како со синиот чад. Но и од лош турбо полнач.Треба да се провери маслото и потрошувачката на гориво. Обично овој знак ја зголемува потрошувачката.

Доколку има бел чад на ауспухот, тоа е сигнал дека не е нешто опасно. Може да претставува само обична кондензација на внатрешниот издувен систем. Поголем облак од бел чад може да претставува сериозен проблем. Главни дефекти кои можат да предизвикаат бел чад се оштетен цилиндар на главата и испукан ѕид на главата од моторот, а тоа се скапи поправки. Овој проблем не треба да се игнорира. Бидејки, ако дојде до најмало истекување на течноста за ладење, може да дојде до прегревање и сериозен ризик за оштетување на моторот.

Црн чад значи голема потрошувачка на гориво. Прво треба да се проверат филтрите, индуктивните сензори, инјекторите за гориво и регулаторот за притисок. Црниот чад најлесно се дијагностицира, бидејќи се знае што точно го предизвикува, а поправката не е многу скапа.

Loading