ШЕСТМИНА НОВИ

Ракомет

Се подготовува машкиот суперлигаш Прилеп. Меѓу 15 првотимци на располагање на тренерот Пеце Велјаноски и асистентот Тони Димоски, има четворица нови. Тие се повратникот од Охрид, Пеце Ѓорѓиески – пивот, двајца од Борец, Ангел Органџиев – лев бек, Кире Мачевалов – среден бек, а од Металург јуниор е Петар Шушевски – пивот. Најавени се уште десен бек и голман. Тренинзите се одвиваа на Спортскиот центар, во салата на СОУ ,,Ричко,,. Екипата имаше и седумдневен престој во Дојран.

Првенството стартува на 15 септември.

Loading