СТОЈКОСКА СО ТРИ ТУША ВО 1 РУНДА

Борење: Меѓународен турнир „Љупче Црвенкоски“

Меѓународниот турнир „Љупче Црвенкоски – Црвенио“, ги оправда очекувањата по две основи. Честитики за организаторот и домаќинот, БК 7 Мај Леов. Првин 127 борачи од пет земји носат убави впечатоци од настанот во салата на ООУ „Добре Јованоски“. Потоа, прилепскиот клуб се покажа и на резултатски план. Најдобар домашен борач е прогласена Викторија Стојаноска, а најдобра воопшто на целиот турнир е Барбара Стојкоска, која всушност го одбрани истиот трофеј од ланскиот турнир. Чудо од девојче. По куса постапка совлада три противнички на ист начин, со туш и тоа во првата рунда. Немаше потреба од собирање на гласовите.

Најдобар судија е Тамара Игнатовска.

Loading