ПАРАГЛАЈДЕР ВО ОФСАЈД

Историја

Параглајдеристите се спортисти кои препознаваат спектакли и ги користат за своја промоција и за величење на настанот. Наа 11 јули 1999 кога се одигра реваншот од 2 коло на европскиот куп Интертото, Победа – Перуџа. имаше информација дека дури 12 парагладеристи пројавиле интерес да слетаат на теренот пред почеток на мечот и да бидат поздравени од близу 15 илјади гледачи. Меѓутоа, имаше недоразбирање околу часот за почеток. Прво беше најавено дека ќе биде 17.30 часот, а потоа 17 часот. Тие што полетале врз основа на првиот термин, задоцнија и кога видоа одозгора дека дуелот е во тек, се обидоа да слетаат на друго место. Но, еден параглајдер слета директно на теренот и го прекина мечот неколку минути.

Резултатот беше 0-0.

Loading