НИГЕРИЕЦОТ – ПОЛН ПОГОДОК

Фудбал

Обично на новите играчи во Победа им е потребно време за вклопување во тимот. За среќа, десното крило, Нигериецот со американски пасош, Нвабуезе, иако последен дојде, одигра како да е тука со години. На отворањето на сезоната го даде победоносниот гол против Беласица во Битола, реализирајќи ја акцијата на Јаќимовиќ и Мустафов. Црномурестиот играч е одличен избор – дриблаше, пробиваше, додаваше, беше незадржлив. Сезонава се очекува да биде ударна игла во нападот. Во тимот беа осуммина нови: Тофилоски-Тимовски, Јаќимовиќ, Драгарски, Карчески (65. Исаевски)-Маркоски, Ј. Наумоски (59. Спиркоски) – Мустафов, Ефремов (46. Каланоски), Танушев, Нвабуезе. Останати резултати: Работнички – Ренова 3-4, Шкендија – Вардар 2-2, Силекс – Шкупи 1-1, А. Пандев – Македонија ЃП 2-1.

В недела Победа гостува на Шкупи.

Loading