АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Се’ тече ,се’ се менува, а водата останува исто загадена…

Х

Патиштата им се различни ама секој тврди дека е а правиот пат.

Х

Чесно се слуша често, но само на збор,но не и на дело.

Х

Колку си повисоко толку повеќе нишани се вперени во тебе.

Х

На вистинскиот поет може се’ да му одземеш само песната не!

Х

Секој што вози започна да сонува некого да извози.

Х

Кога од сива економија може да се живее, како ли им е на оние од сивата политика?!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading