НИКОЈ НЕ ЗАМИНА, 14 ДОЈДОА

Партизан

Екипата на Партизан Обршани се подготвува за дебитантскиот настап во Втората лига – Исток. Важно е што од ланскиот состав, шамионски од Третата лига, никој не замина, а дојдоа дури 14 нови играчи. Претежно се од Победа (Котевски, Макрески, Наумовски, Паноски, Петроски, Бунтески, Мицески, Димитриески, Митрески, Спиркоски, Боцески, Рутески), а Карапеев од Преспа, Здравески од Питу Гули. Со нив ќе се комплетира и Младинската екипа. Што се однесува до Сениорската, предводена од Горан Тодоровски, се најавува пласман во безбедниот дел од табелата. За постигнување на посакуваната форма беа одиграни четири контролни меча – три со Младинскиот состав од Победа, еден со Борец во Велес, а има време за уште еден.

Според завчерашната ждрепка, Партизан во првото коло на 18 август ќе биде гостин на Саса во Македонска Каменица.

Loading