„КУЛТУРНИ ПАТЕКИ – АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ“

6 Lokalitetot Gradiste ostaven na  zabot na vremeto

Буклет – туристички водич до атрактивните археолошки локалитети во Прилеп и околината е содржината на проектот „Културни патеки – Археолошки локалитети“ од асоцијацијата Менелај.

– Проектот финансиски го следи локалната самоуправа. Локалитетот Градиште – Дебреште, кој, иако надвор од рамките на Општината Прилеп, е исклучително атрактивен и лесно пристапен. За жал, локалитетот е препуштен на забот на времето и на совеста на луѓето. Монументалниот влез и останатите содржини се прекриени со вегетација, внатрешноста на утврдувањето, иако во државна сопственост, е узурпирано за земјоделска обработка. Со тоа продолжува уништувањето на културните слоеви. Во богатата стратиграфија, локалитетот вбројува сведоштва од доцниот неолит, антиката, средниот век и се пронајдени раритетни ,,словенски,, живеалишта и трага од населувањето на Словените на овие простори. Во поранешна Југославија, се изведени скапи археолошки истражувања и конзерваторско -реставраторски работи со вклученост на стручнаци од Полскиот национален конзерваторски центар. Апелираме до надлежните да го заштитат културното наследство во кое држава инвестирала средства и да се направат напори локалитетот да се претвори во археолошка туристичка атракција – велат од Менелај.

Loading