БОРБА ЗА СЕДУМ ПЕХАРИ

Борење: Меѓународен турнир „Љупче Црвенкоски“

Учествуваат над 100 борачи од пет земји

Borenje

Ретки се борачките натпревари во градов, затоа се многу значајни. Овој спорт го привлекува вниманието цела недела, благодарение на БК 7 Мај Леов. Клубот минатите пет-шест дена го организираше 18-тиот Меѓународниот традиционален борачки камп, на кој, покрај домаќинот, учествуваат Раднички Сомбор (Србија) и Абони (Унгарија). Всушност секоја година учествуваат истите клубови, но во различни места. Овојпат собирот беше салата на СОУ ,,Ѓорче Петров,,. Во тренинзите за техника, работа на ситуации беа вклучени 35 борачи.

Главниот настан – Меѓународниот турнир ,,Љупче Црвенкоски – Црвенио,, е в сабота (10.30 ч.) во ООУ ,,Добре Јованоски,,  Тој е во спомен на прерано починатиот борач и судија. Осми е по ред, а вторпат има меморијален наслов. Вечерва е официјалното мерење на тежината на странските борачи, а утре на домашните. На турнирот, покрај клубовите учесници на кампот, ќе се приклучИ и Црвена звезда Белград (Србија), а можно е и клубови од Бугарија и Косово. Најбројни ќе бидат македонските клубови, што ќе придонесе за вкупна бројка од над 20 клуба и присутност на околу 100 борачи.

Борбата е во повеќе возрасни групи, најмалата од 8 до 10 години, највозрасната до 20 години, додека има и тежински категории – 13 машки, 9 женски. Битката на сите е за седумте пехари: за најдобар техничар, странски борач, домашен борач – во женска и машка конкуренција, особено за најголемиот пехар наменет за најдобриот борач на целиот турнир. Има и пехар за најдобриот судија, како и неколку плакети, благодарници.

Според стручњаците, фаворити се членовите на Лирија (Скопје) и Абони (Унгарија). Многу се очекува и од домашните борачи на 7 Мај Леов. На ланското издание најдобар борач на целиот турнир беше Барбара Стојкоска, најдобар техничар Стефан Стојаноски. Двајцата се подготвуваат за Балканијадата во Сараево.

Loading