ГИ ФРЛАТЕ ЛИ НАЈЗДРАВИТЕ ДЕЛОВИ ОД ЛУБЕНИЦАТА?

lubenica

Омиленото летно освежување е лубеницата. Повеќето од луѓето ги плукаат семките, а стручњаците тоа го оценуваат за штета, оти семките содржат хранливи состојки.

Прво, и белиот дел од кората е јадлив. Штета е да се фрли. Семките кои малкумина ги јадат, го имаат она што му треба на организмот. Тие содржат  протеини, здрави масти, витамини и минерали. Семките се богати со витамин Е, а можат да бидат и одлична декорација за некои други оброци.

Ако не ги јадете семките од лубеница, има рецепт за приготвување во други јадења за да останат здрави и да изгледаат и поинтересно.

Освен семките од лубеница, потребно е маслиново масло, лажица путер и зачини како црн пипер, црвен пипер и други кои сами ќе ги одберете. Семките се натопуваат во солена вода и оставаат два часа. Потоа се цедат. Рерната се загрева на 180 степени. Семките се ставаат во огноотпорен сад, се додава малку маслиново масло, се додаава путер на поситни парчиња. Се печат околу 40 минути додека не станат крцкави. Извадете го садот од рерната и ставете ги на салфетка  да се впие вишокот масти. Почекајте да се изладат, а потоа ставете ги во некој сад со капак и чувајте ги во фрижидер.

Loading