ПОЛЕСНО ЗАСПИВАЊЕ НА ЖЕШКОВО ВРЕМЕ

12 бабини трикови

son

Не сте единствени кои тешко заспивате поради вечерните високи температури. Со 12 бабини совети мирно и цврсто ќе спиете.

Ставете вентилатор наспроти прозорецот, а потоа затворете го отворот со што ќе создадете вештачки провев. Постапката се прави пред легнување.

Внимавајте на покривачот. Тој треба да бидат од лен или памук. Овие материјали дозволуваат кожата да дише.

Секоја голема и мека перница да се замени со помала и цврста. Раскошните и меки перници ја впиваат топлината од главата.

За спиење одберете лесна памучна маичка, по можност со прерамки и еден број поголем од конфекцискиот број што го носите.

Водената коса помога во справувањето со жештината. Не е на одмет да легнете со лицето на страна крај ладен термос. Ако немате, ставете пластично шише со ладна вода. Тоа добро разладува.

Пред отворен прозорец ставете влажен чаршав да влегува ладен воздух во собата.

Пред легнување, се натопуваат стапалата во ладна вода. Акупунктурните точки на стапалата се поврзани со внатрешните органи, а со тоа се разладува телото.

Завиткајте се со влажен чаршав и легнете в постела. Овој марифет за ладење го користеле Египќаните.

Пред спиење не се прејадувајте, оти се забавува метаболизмот, кој дополнително грее. Гладта во летна врела ноќ се задоволува со мал оброк.

Спијте на што пониско ниво, па дури и душекот може да се стави на подот. Колку пониско, толку поладно.

Подлогата од трска не е најудобна, но е поладна и овозможува проток на воздух.

Loading