НАЈНОВО ИМЕ – ТАНУШЕВ

Победа

Наместо на 5, прволигашкото фудбалско првенство стартува на 12 август И затоа екипата на Победа го пролонгира последниот тест-меч. Наместо еден в недела, со второлигашот Кожуф, до борбата за бодови ќе има уште еден или два. На тој начин Стручниот штаб предводен од Тони Мегленски ќе може да ја види формата на екипата И на секој од играчите што конкурираат за првиот состав. Нема сомнение дека се треба да биде во најдобар ред, бидејќи се одработени долготрајни подготовки, доведени нови играчи. Тимот престојуваше И во Бугарија, каде се приклучи најнов играч за врска – Ќорќи Танушев (Силекс). Таму беа одиграни пријателски со Разлог (победа од 1-0), Ботев (1-1) И Академија Пандев (0-0).

Претходно на првиот меч со 1-0 беше совладана Беласица.

Loading