ЕВРОПСКОТО Е ДО УТРЕ

Спортско воздухопловство

Утре во Сентеш, Унгарија, завршува Европското првенство во спортско моделарство, во категорија модели во слободен лет.  На престижниот настан, настапот на Македонија е важен, оти во конкуренција се 32 држави. Селекторот Здравко Тодороски на располагање има шестмина пилоти од Кавадарци, Битола, Охрид И Прилеп. Единствен прилепчанец е Зоран Велкоски (Фил феникс), во категоријата Ф1А – едрилици.

Учеството е поддржано од МОК, Македонска навигација и Агенцијата за млади и спорт.

Loading