Недореченото е како недопеченото. Ем не се знае што означува, ем не се јаде…
Х
По дождот – дожд, но по градот – глад.
Х
Велат многу ги почитуваат пензионерите. Кога тоа ќе се одрази и на пензиите почитувањето ќе биде двострано.
Х
Се изјаснуваат како атеисти ама редовно се крстат во водачот.
Х
Во социјализмот се крадеше согласно привилегиите. Привилегираните тоа го продолжија и понатаму.
Х
Не е добро кога разликите меѓу твојата сопруга и комшивката ги знае само нејзиниот сопруг.
“Д-р Хаџи-Васков”