ВИКЕНД НА ШПАНСКИ ФИЛМ

shrek

Од вечерва до недела во ЦК „Марко Цепенков“ на отворено ќе се одржи викенд на шпански филм. Филмскиот циклус тргнува вечерва од 20.30 часот со проекцијата на „Среќни 140“. Утревечер од 20 е филмот „Мојата голема ноќ“ , а в недела од 18 часот е анимираниот филм „Магарето на дон Кихот“. Викендот завршува со проекцијата од 20 часот на „Братучеди“.

Организатори се Општината и амбасадата на Кралството Шпанија

Loading