КЛУБ ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ

Мал фудбал

Кој друг ако не Пеце Ветаџокоски. Заедно со Александар Спиркоски – Џемо го формирале футсал клубот Прилеп град херој. Засега игра само низ летните турнири низ државава, а потоа ќе биде вклучен во Втората футсал лига. Амбициите, штом е во прашање Ветаџокоски, се знаат – прво место и пласман во Првата лига.

– Тука нема да застанеме. Крајната цел е да бидеме најдобри во државава и да учествуваме во евро-куповите – вели Ветаџокоски.

Играчите се од повеќе градови: Скопје, Велес, Охрид, Ресен, а секако има и прилепчани. Тренинзите главно се одржувале во салата ,,Македонија,,.  Првенството е најавено во октомври.

Loading