55 ГОДИНИ МЕРМЕРСКИ СИМПОЗИУМ

Центарот за современа ликовна уметност одбележа 55 години на скулпторскиот симпозиум во мермер, реализирајќи го 61-то издание на ликовната сликарска колонија.

На одбележувањето беше посочено дека Центарот претставува континуитетот на долга културна традиција во Прилеп, формиран од проф.д-р Бошко Бабиќ и академскиот сликар проф. Ристо Лозановски. Сликарската колонија пак е една од најстарите на Балканот и во Југоисточна Европа. Таа ги обединува уметниците од целиот свет. Преку нив Прилеп стана ризница на сликарски, вајарски и други уметнички дела во Европа.

 На скулпторскиот симпозиум Мермер твореа вајари од Црна Гора, Хрватска, Србија и од Шпанија.

Loading