ВЕТЕРАНСКИ МЕДАЛИ ОД ЛЕРИН

Пинг-понг

Во Лерин, Грција, се одржа традиционален турнир во пинг-понг за ветерани, каде како и минатите сезони блеснаа Петар и Зоран Јованоски од клубот Младост. П. Јованоски го освои златниот медал во конкуренција на учесници над 60 години. Под него на пиедесталот беа Грците Ставропулос и Александрос, како и Бугаринот Христов. И З. Јованоски одличен, освои сребро во групата од 50 до 59 години. Од него подобар беше само Србинот Милошевиќ, а под него Србинот Марковиќ и Гркот Вуцинас.

Настапија пингпонгари од Грција, Македонија, Бугарија, Романија и Србија.

Loading