ИСЧЕКУВАЊЕ НОВОСТИ

Ракомет

Во тек е долга летна пауза за ракометарите на суперлигашот Прилеп. Овој спорт е меѓу најпопуларните. И оттука интересот на навивачите. Ова е период на исчекување во поглед на тоа дали во клубот ќе има промени. Секако дека се очекува дали ќе има засилувања, односно какви ќе бидат амбициите на екипата која во последен миг се спаси со триумфот од 27-29 со Металург 2 во Скопје. Во опција е продолжување на соработката со досегашниот тренер Оливер Димитриоски, но за ова треба да се произнесе раковдството на клубот.

 Љубителите на ракометот сакаат силен Прилеп и борба за плеј-аут, а дали тоа ќе биде постигнато рано е да се предвиди.

Одморот за ракометарите најверојатно ќе трае до почетокот на август.

Loading