АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Наместо среќата, често храбрите ги прати – полицијата.

Х

Ај што се збогатија преку ноќ, ама продолжија и дење.

Х

Со ползење пред странски фактор тешко ќе успеете да се исправите во животот.

Х

Зад секој добар афоризам се јавуваат секакви автори.

Х

Многу е пишувано и за мртви и за сегашни души, ама безуспешно.

Х

Ниту мито повеќе не можеш да ветиш. И тоа се бара однапред и во кеш.

Х

Партиите му се како брегови на реки и многу често ги минува мостовите во обете насоки.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading