КОЗАТА ВРЗАНА ЗА ВОЗО

Ко се изградила железничката пруга Велес – Битола, прилепчанецо го продал тутуно, зел пари и сакал жената да си е прошета до Битола. Извадил две карти на железничката станица кај Старо Корзо. Се качиле и отишле да шетаат. Поминале низ сточното пазариште во Битола и виделе дека се продава коза. Жената навалила:

– За спомен од Битола ќе ми е купиш козата!

– Че си одиме со возо, како че е однесиме?

– На возо – вели жената.

– Забрането е да се носи стока во патничкиот воз.

Жената, итра лисица, му вели:

– Че е врзиме од назад, на последниот вагон!

Мажо е сетил дека нема ни две чисти во текниката за брзината на возо, и рекол:

– Арно велиш. И карта нема да платиме.

Козата е врзале со сиџим за рогоите за последниот вагон. Седнат во возо, возо тргнале. Ама роговите се ичепиле од козата и се влечкала со ортомата по линијата.

– Стани мажу да видиш дали иди козата!

Мажо и вели:

– Роговите се тука, козата не е. Че дојди и та. Не можи толку брзо да иди како возо.

Во Прилеп ги нашле само роговите. Ги одврзал и ги носел роговите, а жената му рекла:

– Зошто ти се роговите без козата?

Мажот и одговорил со подбишега.

– Ко не те бива за чоек, од тебе ќе напраам коза. Че ти ги монтирам роговите на глата да изгледаш како коза. Оти не ти фаќа умот коза врзана да си дојди по возо.

Џабе старите не рекле, жената има долга коса, ама краток памет.

Loading