БРАЗИЛЦИ НА ПРОБА ВО ПОБЕДА

Фудбал: Најава за подигнување на квалитетот

– Едниот е шпиц, другиот полушпиц

Завршува одморот за фудбалерите на Победа, пред кои претстои третата прволигашка сезона. Во следната сезона мора да постигнат повеќе да не се случи опстанокот пак да го бараат преку бараж. Се наметнуваат амбициите за место во горниот дел од табелата и пласман во Европа. Дали тоа е можно ќе се наѕира уште при подготовките, кои стартуваат в сабота, со првиот собир пред Стручниот штаб, предводен од Тони Мегленски.

Ако одморот беше за фудбалерите, тоа не важеше за Управата и Стручниот штаб. Се оформуваше списокот на играчкиот кадар. Имаше контакти, разговори, преговори со потенцијални нови фудбалери. Најавени се двајца Бразилци, шпиц и полушпиц. Ќе се пробаат, ќе тренираат и одигруваат тест-натпревари по што ќе се види дали го имаат потребниот квалитет. Се преговора со повеќе играчи од Македонија, за врска, странични и на други позиции. Целта е Победа да биде посилна од лани.

Во врска доведувањето нови играчи формирана е Комисија за избор. Не е нешто ново, туку за нешто што досега постоеше. Членови се Мегленски-тренерот, Јане Николоски-спортскиот директор, Небојша Стојковиќ-членот на Управата. Анализата на играчите е заедничка, на крај да се одбере најисправо со сите размислувања. Напомош ќе бидат и стручни лица, како лекар, психолог… Како големите европски клубови нема да се остава на случајот. Потенцијалните засилувања ќе треба да ги минат сите прегледи и доколку се покажат бараните резултати, ќе бидат ангажирани.

Доаѓањето на новите оди заедно со заминување на неколку првотимци. Неколкумина нема веќе да го носат дресот на прилепскиот прволигаш. Покрај за врска Филип Најдовски, заминат во Вардар, ослободени се шпицот, Црногорецот Иван Ивановиќ и полушпицот, Бразилецот Жуниор Лукас. За останување се преговара со стоперот, Србинот Никола Јаќимовиќ. Сигурно дека дел одоние кои нема да бидат земени за оваа полусезона, ќе ја бараат среќата на други места. Сите со значителна минутажа пролетоска, сигурно дека треба да останат. Така и со голманот Тофилоски и напаѓачот Даноски се преговара со цел тие да бидат дел од тимот и наесен.

Дека плановите може да се реализираат гаранција е организацијата во клубот и позитивната атмосфера. Сите се задоволни од клупската функционалност во борбата за опстанок. Нема сомнение дека може да се издигне нивото повисоко и екипата да се бори за повисок пласман во Првата лига.

Тренинзи и во Бугарија

По првиот собир в сабота продолжуваат тренинзите во градов. до 12 јули, кога се очекува преселба во Бугарија, во Банско. Местото е познато, бидејќи екиата престојувала повеќепати. Условите се одлични. И можноста се погодни за тест-натпревари со екипите што се подготвуваат.

Познато е дека  во еден пријателски меч противник ќе биде новиот македонски прволигаш, Беласица.

Кога на Могила?

Навивачите со нетрпение чекаат нивните миленици да заиграат во градов. Актуелно е прашањето: Дали стадионот на Могила ќе биде оспособен за прволигашки натпревари каде прилепскиот тим полесно да ја постигне целта?.

Loading