Кога денот не знае што ќе изнедри ноќта, животот ќе биде несигурен за сите.
Х
Во земји каде луѓето “се јадат” меѓусебе, народот ќе остане гладен.
Х
Како да врземе крај со крај кога не знаеме од каде да започнеме…
Х
За некои е потребно да побараат да им се пресади – јазик!
Х
Како може да функционира системот кој има вградено фабричка грешка?!
Х
Главите им се се попразни, а џебовите се пополни.
Х
Петмина дома имавме еден телефон. Сега имаме пет мобилни и понатаму доцниме…
“Д-р Хаџи-Васков”