„ДОВЕРЛИВИ ИСКРИ“ ОД БЛАГА ТУТЕСКА

Blaga Tuteska so nova kniga

Потески монистра исполнети со многубројни, чувствителни впечатоци и полна роднокрајна љубов е содржината на новата стихозбирка од поетесата Блага Тутеска ,,Доверливи искри,,. Во 60 песни авторката владее суверено со поетскиот збор, истакнувајќи заокружена зрелост, каде се вкрстени младоста и татковината во еден поетски јазол.

-Поетското око го слика секојдневниот живот со разгранети и разлистарени доживувања. Поетската возбуда е интимна, носи и носи поопшти значења. Етичкото и емотивното доживување ја отсликува основата врз која се развива поетскиот светоглед. Песните носат слика во која се збогатува мисловната метафора, а со тоа се збогатува доживувањето. Поезијата го кажува животот со чувства од минатото, сегашноста и иднината  – вели  Божидар Јовиќ.

Тутеска претходно објавила три книги, бидејќи како професор во континуитет се занимава со креативна книжевна дејност.              

Loading