„АВАНТУРИТЕ НА ЕЛА ВИЛСОН“ РОМАН ПРВЕНЧЕ НА НИНА НАСЕСКА

5 Njina Naseska so prv roman

Млада сограѓанка Нина Насеска го претстави романот „Авантурите на Ела Вилсон“. Амбициозната авторка од 16 години го пренесува во 19 тиот век и многу динамично ги презентира предизвиците на малото девојче.

– Авантуристичкиот роман е дел на мојата детска фантазија. Го пишував речиси половина година. Наменет е за тинејџеска возраст, но може да го читаат и помлади  -вели  Нина.

Габриела Стојаноска – Станоеска, поранешната наставничка по македонски јазик, вели дека Нина е победник над себе си во една од највозбудливите авантури во книжевноста: пишувањето роман, додека познатиот писател за деца Горјан Петрески ќе посочи дека авторката „поседува сигурност во она што го пишува“.

Насеска на 12 годишна возраст ја објави поетската книга со наслов „Мозаик од доживувања“.

Loading