ПЕТ НАГРАДИ ВО СТРУГА

Фото кино клубот Прилеп

4 Brojni nagradi za foto kino klubot Prilep

На 47. државен фестивал на непрофесионален филм во Струга, Фото кино клубот Прилеп освои најмногу награди. Фото кино клубот Прилеп беше награден и со највисоката награда на УНИЦА, што се доделува на поединци и клубови како најдобар клуб во Македонија.

Од испратените 53 аматерски филмови, жирито вклучи 13 филмови во официјална конкуренција. Клубот се гордее што освои пет од 11 награди.

 ,,Кутија,, на Гоце Трајкоски доби награда за најдобра камера, најдобра монтажа и сребрена плакета за документарен филм, ,,Старецот и кучето,,  на Филип Петрески освои сребрена плакета за краток игран филм, и ,,Мамичке,, на Виктор Керов и Љупче Ристески беше прогласен за најдобар експериментален филм.

Loading