ИН МЕМОРИАМ – Влатко Коруноски – Ларата

larataНа 67 годишна возраст, ненадејно почина, ракометната легенда, Влатко Коруноски – Ларата. Важеше за ракометен бисери на Македонија и на некогашниот машки РК Тут- ком. Беше левак и секогаш еден од најефикасните поединици. Постојано беше меѓу десетте најдобри спортисти на Прилеп. Се закити и со титулата најдобар спортист на градот. Беше постојан репрезентативец на Македонија. Играше И за Пелистер, а воо матичниот клуб ја заврши ракометната кариера.

Беше и тренер на женската ракометна екипа, заедно со Петар Кузманоски Таста, кој почина неодамна. Во тренерската кариера го внесе женски ракометен колектив на Тутунски во втората лига. Тој даде голем придонес во развојот на ракометниот спорт.

Loading