ДОМАШНИ ТРИКОВИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛУСКАВЦИ

maska

Плускавците се здодевни и болни рани кои во голема мера ја намалуваат желбата за пешачење. За брзо ослободите постојат домашни начини. Се јавуваат и опстојуваат при триењето и влажноста на стапалата, посебно кога се носат нови чевли.

Гел – стикче за под пазуви се нансува на чиста и сува кожа, бидејќи така ќе го намалите триењето на стапалата од чевлите.

Фластерите се уште еден добар начин за лечење на стапалата од нозете од плускавци или за спречување на оваа појава. Ако се појавил плускавец, внимавателно залепете фластер, но оставете мал простор меѓу раната и газатат за да може слободно да навлегува воздух. Раните подобро и побргу зараснуваат кога се во контакт со кислородот.

Зелениот чај има антисептичко и антиинфламаторно дејство и раните побргу зараснуваат. Сварете малку зелен чај и во него додадете сода бикарбона. Смесата нанесете ја на газа и ставете ја на плускавецот.

Јаболковиот оцет има антибактериско својство и спречува било каква можност за појава на инфекции. Измешајте еднаков дел на оцет и вода и течноста нанесете ја на газа, а потоа нежно тапкајте со газата на раната.

Со мачкање на плускавецот со рицинусово масло, месото брзо се суши и се лекува. За забрзување на процесот ставете го однос 2:1.

Loading