АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Денешниот Хамлет е пред дилема: мажачка или женачка?!

Х

Одбива да игра во монодрама. Вели дека вреди за двајца.

Х

Не значи дека сме борбена нација ако постојано сме во меѓусебни борби.

Х

Ако сивилото го гледаш розово и тоа е знак за некаков далтонизам.

Х

Толку многу го ограбија што нема пари ниту тужба да им поднесе.

Х

Кога ќе ве поплават проблемите обидете се да не ве потопат.

Х

Тврди дека остава длабоки траги зад себе. Тоа можат да го потврдат оние што патем ги прегазил.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading