ПРЕТСТАВАТА „600613“ ВО КОЧАНИ

Театарот „Чин 4 Сцена 5“ односно средната група од училиштето за театар, учествуваше на 55. Драмски аматерски фестивал во Кочани, со претставата ,,600 613,,. Темата е миграцијата на Македонците во странство. Работена е по битовите драми ,,Чест,,, ,,Печалбари,, и ,,Парите се отепувачка,,, како и од писма од наши иселеници и документарни материјали.

Училиштето за театар ги прикажува завршните претстави на групите. Ги изведе ,,Глупа за****а птица,, , ,,Како се гледа претстава,, ,претстава со комедии од Чехов, а на 5 јуни е изведбата на ,,Ромео и Јулија,,.

Loading