ПОВЕЌЕСТРАНИТЕ СВОЈСТВА НА МАРИХУАНАТА

Канабисот е растение познато на човекот околу 28.000 години. Може да се користи во исхраната, медицината, градежништвото, како гориво и сл. Од канабисот може да се добијат над 50.000 различни производи.

Во Чешка бил пронајден сад со украс од канабис стар 26.000 години. Кинезите го користеле растението за производство на хартија, а во медицината уште 2.800 години пред нашата ера. Од канабисот се произведувале облека, книги. Американската декларација за независност била напишана на хартија од канабис. Канабисот не загадува како пластиката. Облеката од канабисот е речиси неуништлива. Леви Штраус во 19 век ги создал првите фармерки од канабис. Растението го чисти земјиштето од отрови.

Со распаѓањето на коренот се храни почвата. Како храна се јаде семето, кое содржи омега-3 и омега-6. Канабисот бил задолжително растение во 17 и 18 век, особено во Северна Америка.

Индустријата на канабисот може да се одржи оти растението расте до 3-4 метри годишно. Тоа е полесно од челикот, а поцврсто. Се добива и добра пластика. Денешните предмети од пластика може да се прават од канабис. Растението има целулоза околу 77 проценти и е одличен извор на енергија.

Хенри Форд во 1941 година користел канабис во производството на автомобил. Денес се возиме во автомобили кои ‘рѓосуваат, а канабисот не кородира. Автомобилот изработен од челик тежи околу 1.300 кг, а автомобилот со иста големина изработен од канабис би тежел околу 900 кг.

Фармацевтската индустрија го користела канабисот како лек од 19 век. Староперсиска книга од пред 700 години пред Христа го наведува растението како најлековито дотогаш познато. Индискиот канабис бил најлековито растение во светот. Канабисот повторно почнува да се цени како помошник во лекувањето на ракот низ светот.

Loading