ПЕХАР ЗАСЛУЖЕН СО 15 ПОБЕДИ

Ракомет-кадети

Во прилог на потсетување на богатата традиција, дека градов е меѓу најракометните во државава, е освојувањето на титулата на Прилеп во машката кадетска конкуренција, меѓу 24 тима. Голем успех за тренерот Адријано Котески со генерацијата родени по 2000 година. До пехарот стигнаа со 15 победи. Прво во групата го освоија првото место со биланс од 13 победи и еден пораз, а на финалниот турнир во ,,Ричко,, ги совладаа двете пречки. Во полуфиналето со 25-23 беа поуспешни од струмички Астраион, а во финалето со 27-23 од Струга. Во ,,ол – стар,, тимот влегоа левиот бек Теодор Талески и пивотот Филип Крстески.

Табела: Прилеп, Струга, Вардар, Астраион.

Loading