ИН МЕМОРИАМ – ЗЛАТКО АНГЕЛЕСКИ

zaltko angeleskiНенадејно, на 60 години почина Златко Ангелески, гимнастички тренер на Партизан Соколи. Градов и државава загубија човек фанатично приврзан кон гимнастиката. Тие што го познаваа велат дека цел живот му помина со гимнастиката. Почнал да тренира на 7 години, а по завршување на натпреварувачката кариера продолжува со тренерската, каде има голем успех. Во најтешки услови, со патување за тренинзи до Битола, успеа да обучи репрезентативци, сегашни и идни стручњаци.

Пред неколку години беше и селектор на Македонија.

Loading