ДЕСПИНА УБЕДЛИВО ШЕСТА

Ракомет

Како што помина целото првенство, така и заврши, во рамките на очекувањата. Во последното коло од Женската лига Деспина со 32-27 ја совлада Гевгелија и така го зазеде 6 место на табелата. Прогнозите и посакувањата беа токму за 6 место и тоа е освоено. Прилепскиот тим воден од Страшо Илиески освои 21 бод, преку 7 победи. Победи против Овче Поле и Гевгелија, кои поради овие порази се послабопласирани. Деспина можеше да освои бодови и против фаворититете, оти беа испуштени водствата на некои мечеви.

Табела: Вардар 84, Металург 29, Куманово и Пелистер 22, Вардар ј. 48, Деспина 21, Овче Поле 10, Гевгелија 5.

Loading