50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА КИЛОГРАМ

Во Белград создадена е најлековитата и најскапата печурка во светот

Најлековито што го создала природа, најсилилниотн антибиотик на светот, печурката Cordyceps Sinensis е создадена во лабораторија во Белград. Килограм чини 50.000 евра. Автор е професорот Ѓурица Поповиќ, директор на Институтот за печурки со неговиот тим. Станува збор за единствениот тим на планетата што успеал да ја создаде печурката надвор од нејзиното природно живеалиште – Хималаите. Интересно е што печурката е мала и расте на главата на инсектите.

Трагајќи по најефектните печурки за примена во производство на препарати против здравствените проблеми, тимот дошол до големо откритие. Ја одгледа исклучително скапоцената габа Cordyceps Sinensis која единствено успева во Непал и Тибет. Најголемите светски медицински установи ја потврдуваат огромната лековитост.

Необично е како расте оваа габа. Се развива од гасеница, што ги голта нејзините спори. Поради големо количество протеини од утробата на инсектот, израснува токму Kordiceps.

Тимот ги истражувал и лековитите својства, по што дошле до идеја да основаат Институт за печурки за експериментирање со лековитите супстанци на габите.

-Во одреден период kordiceps sinensis, кој наместо од глава на инсект, се одгледаше на оригинален начин – на пченка. Инфицирав пченка со болест која што се нарекува гарка. Во одреден период од растот ја третирав и со змиски отров, а од тоа настана Kordiceps. Тоа може да се постигне само со пченката перуанка со сто отсто полисахариди. Габата е најсилниот природен антибиотик на светот што ги неутрализира токсините, поттикнува регенерација на клетките и има силно антиревматско дејство. Ја ставаме во одредени производи – 6 препарати што ги сертифициравме, а во кои содржат некои медицински габи со силни лековити својства. Вредноста на Kordiceps не ја пресметуваме сосема, бидејќи тогаш препаратот би бил премногу скап – објаснува професорот.

Овие препарати се природни, без хемија и контраиндикации. Благодарение на тоа што сите печурки кои што се сочинети во препаратите се произведени на домашна територија, нивните лековити својства максимално се усвојуваат, бидејќи човечкото тело поседува рецептри што најдобро ги препознаваат само автохтоните видови.

Повеќе од 20 години Ѓурица Поповиќ е дипломиран биолог-генетичар. Тој е еден од најуспешните членови на Српска академија на науките и уметностите.

Со стручен кадар и државни лаборатории се прошириле истрагите со поголем асортиман на габи. Се занимавале со тартуфот што е скапа и лековита габа, поради високата концентрација на аминокиселини, кои можат да минат низ сите клеточни мембрани. Истражувањата покажаа дека тартуфот во содејство со некои билки од Полинезија, прави 22 аминокиселини. Тоа говори за драгоценоста на оваа габа по здравјето. Одгледувале и шитаке што е царица меѓу егзотичните габи, поради многустраните лековити својства.

Loading