ЗГРАДИ, ДРВОРЕДИ, ПАРКЧИЊА, ЖИВИ ОГРАДИ

Градот во 60-те

Del od centarot na Prilep vo seesettite

Подновен градот во шеесетите години. Новата деветкатница се вивнала над зградите кои се подредиле како воз – хризонтално. Форографското око ја “уловило” и Стоковната куќа. Се чувствува дека се е ново. Дури и дрворедот од липи е саден ,,пресно,,. Дрвцата само што живнале. А пред трикатните згради на другата страна од улицата, складно уредени паркчиња, со шаренолики цвеќиња. Живата ограда свежа, се зеленее и како под конец истрижена и естетски оформена буи нагоре. Природно го оградува просторот. И улицата, и паркчето рамни како тепсија. Загатлив и нтересен поглед на Прилеп.

Loading