СВЕТА САБОТА

-Екипава се собра?

-Уште Атата да му напраел две-три ханчина и да земел  две-три стотки за пијачка.

-Тогаш Горан нека носи уште по една.

-Лујџе, трпение, одлуката треба да ја носиме трезвено. После кој колку сака нека пија.

-Ајде, немам време за губење. Че ми го продадат семето за лимонтус. После ете кавга дома.

-Смири се Гога. Без саклма. Губиш од лепота. Одлучуваме шо прајме со саботава?

-Шо треба да прајме бес сабота? Барем да има две саботи во неделата.

-Тебе и три да ти дајме, малце че ти се. Прајме муабет за Света сабота.

-Не разбирам, а не сум загулен. Немам слушнато за таков ден.

-Сакаме да си ја земиме саботата за заштитничка и да си ја славиме.

-Кој да ја слави? Сите?

-Не бе сите, ние еснафот.

-Кој еснаф?

-Ние. Треба да му дајме име на нашио еснаф, да си појме кај поп Цветко или кај поп Матрак, да не благослој и да си ја славиме. Си сакаме заштитничка. И ние понекогаш грешаваме.

-Брав си. И ние сме лујџе. Ако мислиш да бараш благослов од поп Цветко и од поп Матрак, оди ти. Ние од други, че си побараме.

-Ако не од нив, тогаш од внуците нивни. Важно да се добие благослов.

-Пак си брав. Уште компјутерџиите и ние немаме заштитник. А кој сме ние?

-Еснафот! Туку, да не тупиме многу. Да клајме име, оти е важно Не е туку така, име ко име. Утре или другден, некој Грк че бара да го мениме. Зато, еве, пиши таму, Мераклии!

-Мераклии, на шо?

-Мераклии на алкохол,

-Не бе Диме. Че не избрка попо на прва. Дај нешо друго.

-Тогаш пиши, кандидати за на петти.

-Диме, ај нешто поумно? Со тој акал и десети нé не спасува. Ај бе Жика истреси нешто од твојте?

-Пиши, прилепски боеми,

-Паметно! Целио мозок си. Ама не можи,

-Оти?

-Нема боеми во градов. Да ги бројш сите, на прсти че ги избројш. Сé на сé, останаа уште печесмина. Петмина. Шестио беше Васкичо. И тој си даде неотповиклива оставка.

-Оставката му е во мирување. Кога да е, че се врати.

-Че се врати и пак че откажи. Нестабилен е. Ај шо откажува кога сака, ама не работи на подмладок. Него треба да му се речи – ,,одиш од друштвово, оди, ама донеси двајца ко тебе,,. Има кандидати, ама не се работи добро со нив.

-И за ова си брав! Глеј кафаниве, ко чички се полни. Даскаливе се лоши.

-Од секоја чичка, боем не бидува. Че си останат боцки. Тешко му е и на даскалите. Знајш, шо е боем. Е, боем ти е брат со пет маслинки да испијаш пет мастики, да седиш пет саати и да кажиш пет реченици, ко пет алтани.

-Уште, маслинките со чечкалица да ги бодиш,

-Или со вилушка. Ја бркаш да се папса, па после викаш помош. Онака уморена, келнерот ја вајча, те заебава, а ти му се заблагодаруваш. Не му остануваш борч на заебанцијата. Ко сега да ги гледам Аче и Бајчо. Шо боемчини беа, Господ да ги прости. Ти текнува?

-Аче беше боемчина, прва лига, а Бајчо легенда. Ако отворам некогаш кафана, на нив че ја крстам.  И доста со то бравојте, да не му ги отечиш рогојте.

-А бе, ти че нé отечиш. Дај пет минути одмор да напрајме по една.  Дандило ни го зеде. Не можиме појче ни да мислиме. Ај по една, за душа, за Аче и Бајчо.

-Носи Горан! Доста е за денеска. За името другата сабота. Не е зајак да избега. Турава, пишија на контото на Атата. Кај да е, че дојди со некој динар од ханчето. А Гога, шо велиш?

-Малку е една тура. Ај, че се снајдиме за потаму. Носи Горан, и пиши!

-Аманте со то, пиши, пиши…

Џага Дур

Loading