ЕВРОПСКОТО ЌЕ БИДЕ ВО ПРИЛЕП

Моделарство

Спортското воздухопловно моделарство од година на година напредува, особено во поглед на организацијата. Според последната одлука на ФАИ во Лозана, Швајцарија, градов и државава се наградени со добивање на организација на Европско сениорско во 2020 година.

 – Убаво се почувствував затоа што покрај добивањето на организацијата, поволен беше и извештајот за претходното Европско јуниорско во Извештајот беше единствениот без забелешка – задоволен е Здравко Тодороски, директор на натпреварите.

Прилеп ќе биде домаќин и на светски купови годинава, како и на Европското јуниорско во 2019.

Loading